Само вакцинирани лица ќе можат да влегуваат во сите затворени места во Грција

grcija plaza

Грција ќе воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници и персоналот во домовите за стари лица, објави денеска премиерот Киријакос Мицотакис.

Zito akcija 640x289px

Вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 септември за здравствените работници, рече Мицотакис во говор емитуван на телевизија.

Agria

Персоналот во домовите за стари лица треба да се вакцинира најдоцна до 16 август, а кој нема да се вакцинира, ќе биде привремено суспендиран од работа, предупреди тој.

Владата донесе одлука да охрабри повеќе луѓе да се вакцинираат, бидејќи делта-сојот брзо се шири.

Од вторник, вакцинацијата со „фајзер“ ќе биде достапна и за лицата на возраст од 15 до 17 години, а три четвртини од граѓаните над 60 години сега се вакцинирани, рече Мицотакис.

Во Грција, 4,3 милиони од 10,7 милиони жители се целосно вакцинирани.

„Земјата нема да се затвори поради ставовите на некои“, рече Мицотакис осврнувајќи се на оние што бараат затворање на земјата бидејќи пандемијата повторно се разгорува.

Според најавите, од петок, 16 јули, до крајот на август, места за забава, барови, кина и театри и сите други затворени места ќе примаат само вакцинирани лица.

„Денес можеме да го затвориме последното поглавје на санитарната криза, само доколку секој има вакцина за слобода“, рече премиерот.

Грција денеска регистрира 2.107 нови случаи на коронавирус, во споредба со 800 пред само една недела. Во таа земја 12.000 луѓе починаа од вирусот, а само десетмина денеска.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22222/denes-21-novi-sluchai-na-kovid-19-nema-novi-sluchai-vo-veles/