Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1.
Регистрирани сe седум оздравени пациенти, не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.
Можеби ќе ве интересира: