Борец ремизираше со Младост Нови Сад на подготовките во Златибор

Borec Zlatibor natprevar

Фудбалерите на Борец 1919 финалната фаза од подготовките пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја реализираат во српскиот туристички центар Златибор.

Zito akcija 640x289px

Тие вчера одиграа пријателски натпревар со Младост Нови Сад, тим кој се натпреварува во првата фудбалска српска лига, а натпреварот заврши со резултат 2:2. Според извештаите од натпреварот, велешани биле подобар противник од српскиот тим на централниот терен на Златибор, но дозволиле погодок на Младост во 90. минута за конечни 2-2. Стрелци на головите за Борец биле Ѓорѓи Ѓорѓиев од пенал и Кристијан Ефтимов.

Agria

Пред заминувањето за Србија, Борец одигра и два пријателски натпревари во Македонија. И на двата доживеа порази, од Брегалница (0-2) и од Ренова (1-4).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: