Започнуваат натпреварите во сезоната 2021/22 во Првата Женска Фудбалска Лига,а со тоа и подготвителниот перод на претстојната сезона на фудбалерките на ЖФК Борец.
Екипата на ЖФК Борец истрча на градскиот стадион со неколку нови засилувања.
“Желбата на фудбалерките и на раководството е со навремениот старт на тренинзите да се обезбеди потребната кондициска подготвеност за да се води битка за врвот на табелата. Од 17.07 екипата на црвено белите е на подготовки во Охрид. Во клубот владее позитивна атмосфера. Преку планираните подготовки веруваме дека нашиот тим ке ги достигне очекувањата. Деталите окoлу засилувањето на клубот ке бидат откриени по вракањето од подготовките”, изјавија од клубот.
Можеби ќе ве интересира: