Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9.
Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од денеска попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.
Можеби ќе ве интересира: