Со стихови и хумористични афоризми од секојдневниот живот и вечната инспирација, љубовта, на дванаесеттата по ред „Велешка поетска вечер“, која се одржа во кругот на ООУ „Васил Главинов“, се претставија реномирани писатели, поети и афористичари од Здруженијата на писатели и клубови од Велес, Скопје, Прилеп, Кичево, Кочани, Охрид, Штип и Демир Хисар.
Културната манифестација ја организира клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и е поддржана од Општина Велес.
Текстот продолжува под рекламите
„Велешка поетска вечер“ е манифестација со реноме и традиција и е дел од велешката култура. Годинава се реализира во рамки на „Велешко лето 2021“.
Текстот продолжува под рекламите
Во рамките на „Велешко лето 2021“ во амфитеатарот во Младински парк утревечер од 20:30 часот, концерт со наслов „Боите на љубовта“, ќе одржат девојките од велешкиот бенд „The Chicks“
Можеби ќе ве интересира: