Болничките капацитети во Велес и натаму остануваат празни, нема заразен велешанец со корона вирусот во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 18 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 8 случаи во:

Zito akcija 640x289px

Тетово, 4 во Скопје, по 2 во Гостивар и Охрид и по 1 во Радовиш и Дебар.

Agria

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се регистрирани 5 оздравени пациенти, а нема починати лица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236“, стои во соопштението на МЗ.

Oд почетокот на епидемијата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.470 тестирања.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: