Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во Кавадарци, на одбележување на роденден од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, односно 127 години од формирање на првиот местен комитет.
На настанот беше присутен и градоначалникот Митко Јанчев. На новинарско прашање упатено до Мицкоски, за детали околу тоа дали актуелниот градоначалник, кој е доста популарен помеѓу народот во Кавадарци, ќе биде кандидиран за втор мандат, тој одговори:
Текстот продолжува под рекламите
„Не би сакал да коментирам, партијата ќе излезе официјално. Она што можам да го кажам е дека кавадарчани се задоволни од работата на господинот Јанчев. Ценам дека кога човек е задоволен, задоволството треба да трае.“
Текстот продолжува под рекламата
Како потсетување, Јанчев беше разрешен од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во октомври 2018, односно набргу по референдумот кој се одржа на 20-ти септември 2018 година за промена на уставното име, на кој тој не бојкотираше туку излезе на гласање.
Градоначалникот на Кавадарци беше и меѓу оние кои јавно бараа оставка од Мицкоски, а во јавноста не ги криеше ниту амбициите да биде нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Преземено од fokus.mk
Можеби ќе ве интересира: