Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на Ковид-19: од Скопје – 13, Тетово – 5, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1 лице.
Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје – 2 лица, а не се регистрирани починати пациенти, соопшти министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.
Во моментов во Велес кај ниту еден велешанец нема присуство на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: