Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на Одлуката од 12.7.2021 година.
Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 2,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.
Согласно новиот ценовник, литар дизел ќе чини 61 денар, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 72,50 денари, а ЕУРОСУПЕР 98 по цена од 74,50 денари.
Можеби ќе ве интересира: