(ВИДЕО) Под земја одат сите кабли на главната улица во Кавадарци

Откако заврши асфалтирањето на улицата „Илинденска“ во Кавадарци, почнаа градежните работи на спуштање на ниско напонската мрежа под земја, најави градоначалникот Митко Јанчев. Тоа значи дека сите кабли кои досега беа закачени на бандерите, за напојување со електрична енергија и на кабелската интернет и ТВ мрежа по главната улица, ќе се вкопаат во земја, по што ќе се реконструираат тротоарите.

Zito akcija 640x289px

„За две недели ќе биде готова реконструкцијата на главната улица. Успеавме да ја направиме со помош на Министерството за транспорт и врски, грант за Кавадарци, од парите кои Владата ги зема како заем од Светска банка. На крајот, благодетот ќе го почувствуваат граѓаните на Кавадарци“, рече градоначалникот Јанчев.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

На местото на исечените дрвја од дрворедот, Јанчев рече дека ќе се засадат нови четири метровни садници.

Текстот продолжува под рекламата

„Направивме долгорочно истражување, во кое беа вклучени сите засегнати страни, но и надлежни и стручни институции. Оттаму ни беше укажано дека дрвјата се стари, а нивните долги корени го поткопуваа тротоарот и асфалтот. На нивно место нема да засадиме што било, туку високи дрвја, чии корени ќе бидат ставени во големи цевки,преку кои ќе бидат наводнивани и приранувани“, рече Јанчев.

Со реконструкцијата, главната улица на Кавадарци ќе добие сосема нов и модерен изглед, велат надлежните.

https://www.facebook.com/KTVKavadarci/videos/2869249430072171/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22386/edna-tretina-od-graganite-na-veles-se-vakczinirani/