Големо засилување за тимот на Борец пред претстојната прволигашка сезона. Во Велес пристигнува македонскиот младински репрезентативец и досегашен играч на тимот на Железничар Панчево, Георгије Јанкулов.
Десниот бек, кој е во потесна конкуренција за сите македонски младински селекции во изминатиот период, беше и на списокот на селекторот Благоја Милевски за последниот У21 камп во Скопје, во Велес доаѓа како екстра У21 опција која во домашниот шампионат знае да биде незгодна за екипите.
Јанкулов инаку е дете на Црвена Звезда и во минатото настапуваше со успех за младинската школа на гигантот од Белград.
За каков играч станува збор погледнете го видеото:
Можеби ќе ве интересира: