Вистинска драма се случувало попладнево на автопатот Велес-Гевгелија кога избувнал пожар во автомобил кој бил во движење.
Возачот на автомобилот спречил вистинска трагедија, кога при првата експлозија веднаш застанал и веднаш ги извлекол останатите патници од автомобилот во кој имало и деца.
По неколку минути пристигнала и противпожарната единица која веднаш го изгаснала пожарот.
Велосипидестите кој доста често кој користат автопатот за рекреирање велат дека самите морале да ги застанат другите возила кои се обраќале во тој момент додека не дојде полицијата.
За среќа брзата реакција на возачот спречила вистинска трагедија.