Од петок бесплатен автобуски превоз до езеро „Младост”

Општина Велес ја известува јавноста дека од петок, 30 јули 2021 година ќе организира бесплатен автобуски превоз до езеро „Младост”.

Zito akcija 640x289px

Согласно спроведената јавна анкета на електронските медиуми во градот, резултатите покажаа голема заинтересираност од страна на жителите на Општина Велес за кориситење на бесплатен превоз до езерото „Младост” во летниот период.

Agria

Автобусот ќе сообраќа секој ден во периодот од 30 јули до 31 август 2021 година. На почетокот автобускиот превоз ќе биде организиран во соработка со компанијата  „Пан Промет”, а понатаму патниците ќе бидат превезувани со автобусот на Општина Велес.

Автобусот поаѓа секој ден во 10:00 часот од автобуската постојка „Багремче“ во населба „Тунел“; постојка трговски центар; постојка спроти маркет „Жито“ на улица „Благој Ѓорев“; постојка спроти Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“; постојка „С’рмаале“ (кај јаворот,  на улица „8 Септември“); постојка „Центар“ (НА-МА); постојка населба „Речани“; Брод „Панини“ езеро „Младост“.

Враќањето од езеро „Младост“ е секој ден во 18:00 часот од паркингот кај бродот „Панини“.

Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22570/parkinzi-veles-ova-e-test-period-nema-da-kaznuvame/