Целосно е изгаснат пожарот кој вчера избувна кај вливот на реката Бабуна во близина на велешката компанија Агриа.
Пожарот во противпожарната единица е пријавен некаде 20 минути по полноќ, а пожарникарите целосно успеале да го изгаснат во 02.30 часот.
Во пожарот кој избувна синоќа изгореа неколку електрични бандери, трава, и лозанки.
Во гаснењето на огнот, противпожарната единица учествувала со шест пожарникари и две возила.
Можеби ќе ве интересира: