Сончево и топло, земјава е во портокалова фаза

foto novo dron Veles

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло, информира УХМР. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9.

Agria

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени.

Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: