ЈКП Дервен: Пожарот кај Дурутовец не е истиот со оној од градската депонија

Пожарот кој синоќа избувна кај селото Дурутовец и се прошири кон селото Чалошево не е истиот со пожарот кој вчера изби кај велешката депонија, реагираат денеска од ЈКП Дервен. Оттаму велат дека нивни екипи го локализирале огнот на депонијата и дека тој не се префрлил кон селата, како што беше вчера објавено.

Zito akcija 640x289px

„За да нема забуни кај граѓаните, тоа се два различни пожари. Оној од депонијата нема никаква поврзаност со оној кој избувна кај Дурутовец“, рече Тодорка Пенкова Андреевска, портпарол на ЈКП Дервен.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Синоќа избувна голем пожар во близина на селото Дурутовец, кој, поради силниот ветер, се прошири кон селото Чалошево. Екипите на противпожарната бригада од Велес и локално население синоќа успеаја да го стават огнот под контрола и да спасат четири викендички од опожарување.

Текстот продолжува под рекламите

„Со брза и навремена интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес и локалното население, локакизиран и ликвидиран е пожарот над Дурутовец и Чолошево. Постоеше опасност заради ветрот да се доведат во опасност населените места. Спасени се 4 викенд куќи. Материјалните штети ќе бидат проценети утре, денски. Истовремено дел од пожарникарите беа на помош во Куманово каде што успешно ја завршија работата“, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Од ТППЕ Велес утрово велат дека пожарот е целосно изгаснат, но една екипа е на терен и ја контролира состојбата. Засега, други пожари околу Велес нема. Детали за причините за пожарот нема, но се претпоставува дека причината е човечки фактор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22805/lokaliziran-pozharot-vo-veles-spaseni-chetiri-vikendiczi/