22 годишниот Димче Минов е второ засилување за велешкиот ракометен клуб Борец. Тој игра на позиција лев бек, а доаѓа од Вардар од Неготино. Иначе има играно и една и пол сезона за кавадаречкиот ракометен суперлигаш Тиквеш.
Со ангажирање на овој ракометар се остваруваат дел од желбите на раководството на РК Борец за создавање на конкурентен тим кој ќе се бори за висок пласман во прволигашката конкуренција.
Инаку вчера РК Борец го промовираше своето прво засилување Борис Ристовски, кој игра на позиција среден бек. Од велешкиот клуб велат дека не застануват тука, и најавија нови засилувања со цел обезбедување плеј оф во Првата ракометна лига.
Можеби ќе ве интересира: