Нови правила за влез во земјава

Evzoni granicen premin
Evzoni granicen premin

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на македонска територија доколку претходно на граничниот премин приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, соопшти Владата.

Zito akcija 640x289px

Оттаму додаваат дека на македонските граѓани кои ќе влезат во државата без ваква потврда или негативен ПЦР тест, ќе им се одреди мерка карантин од седум дена, со решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Agria

Исклучок од ова правило ќе бидат странските државјани кои транзитираат низ земјата, кои ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влез во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излез од земјата.

Досега во македонија се направени вкупно 1.073.017 тестирања на ковид-19. Вкупно ковид дијагностицирани досега се 163.452, од кои оздравени се 151.144, починаа 5.574, а активни се 6.734 болни.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: