Опозицијата откри дел од имињата на кандидатите за градоначалници

vmro-dpmne palata

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција откри дел од кандидатите за градоначалници на партијата за следните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Zito akcija 640x289px

Меѓу најзвучните имиња соопштени денеска беа актерот Тони Михајловски кој ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово, како и кандидатот за општина Бутел, каде што претставник на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Дарко Костовски, тренерот на македонската теквондо репрезентација.

Agria

Меѓу останатите кандидати за градоначалници кои денеска ги претстави Мисајловски се:

Александар Стојкоски – Oпштина Ѓорче Петров
Жарко Ристевски – Општина Македонски Брод
Дејан Владев – Општина Свети Николе
Димчо Атанасовски – Општина Македонска Каменица
Елеонора Рашковска – Општина Берово
Зоран Здравевски – Општина Чашка
Киро Нацков – Општина Градско
Маријан Миленковски – Општина Пробиштип
Миле Петков – Општина Виница
Александар Китански – Општина Пехчево
Бошко Цветковски – Општина Лозово
Виктор Паунов – Општина Карбинци
Далибор Ангелов – Општина Облешево
Коста Маневски – Општина Зелениково
Никола Најдовски – Општина Демир Хисар
Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше
Кирил Пецаков – Општина Охрид

Инаку, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Велес битката за градски татко ќе ја води Марко Колев. Тој има 37 години и по професија е дипломиран професор по географија. Долгогодишен член е на ВМРО ДПМНЕ, а беше директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23103/novite-kovid-protokoli-gi-otkazha-veleshko-leto-folklorniot-festival-i-turnirot-vo-mal-fudbal/