Скопска судиска тројка на дуелот во Велес

Stojcevski Igor sudija
Stojcevski Igor sudija

Фудбалерите на Борец денес на стадионот “Зоран Паунов“ ќе ја пречекаат екипата на Брегалница од Штип, во рамките на четвртото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Штипјани сеуште се непоразени во првенството и се наоѓаат на шестото место.

Zito akcija 640x289px

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје , а ќе му помагаат Гоце Петрески и Дејан Димитриевиќ исто така од Скопје.

Agria

Најинтересно се очекува да биде во Тетово, каде што шампионот Шкендија ќе го пречека тимот на Македонија Ѓорче Петров, а на овој меч старт ќе означи Стојанче Трпчевски од Кавадарци. На стадионот во скопска Автокоманда, Скопје ќе го пречека Пелистер, а главен судија ќе биде Фуркан Идризи.

Акаденија Пандев е екипата која своите натпревари на домашен терен ги игра под рефлектори. Дуелот во Струмица против екипата на Ренова, го доби Александар Грујоски од Кичево. Александар Ставрев ќе го суди дерби дуелот набрегот на Охридското езеро помеѓу екипите на Струга Трим Љум и Шкупи.

Велешанецот Игор Иванов ќе ја дели правдата на Националната арена „Тодор Проески“ помеѓу екипте на Работнички и Тиквеш. Сите натпревари започнуваат во 16 часот, освен натпреварот Академија Пандев – Ренова кој ќе започне во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: