Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на промоција во Велес

Marko Kolev i Hristijan Mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната промоција од Велес рече дека соработката за Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ,

Zito akcija 640x289px

„Очекувам конечно оваа коалиција да победи ја победи неспособноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, безнадежноста, апатијата, немањето никаква стратегија, немањето визија за развојот на Македонија, односно да ја победи коалицијата СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски.

Agria

Инаку, опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера во Велес го промовираше својот кандидат за градоначалник Марко Колев.

Во своето обраќање пред граѓаните на Велес, Колев најави позитивна кампања и натпревар на идеи за подобар Велес.

„Генералниот урбанистички план кој е стар повеќе од 16 години заеднички мораме да го донесеме час поскоро, без ГУП нема развој. Проблемот со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје планираме да го решаваме во фази и веќе сме во консултации со најдобрите сообраќајни инжинери во Македонија. Проблемот со кучињата скитници кој со години ги мачи велешани ќе го решаваме на регионално ниво. Изградбата на кејот на реката Вардар е ќе биде мој приоритет. Најавувам изградба на првиот Велосипедски парк во Македонија, кој ќе биде надвор од градот, помеѓу Велес и езерото Младост. Силно ќе ја поддржам изградбата на основната инфрастуктура во индустриските зона УЗУС, Речани,Речани 2, Караслари и индустриска зона Мамутчево. Ќе изградиме три спортско – рекреативни комплекси. Мостот на реката Вардар кај Башино село иако е под надлежност на централната власт е проблем кој сите нас не засега, како локална власт ќе направиме се што треба да овој проблем се реши, во најбрз можен рок“, појасни Колев, вети Колев.

Противкандидати на Колев во битката за градоначалник ќе бидат Ненад Коциќ од редовите на СДСМ, и Златко Арсов од Левица

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23289/golem-broj-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-veles-21-novozarazeni/