Билтен на СВР Велес: Возач нападнал 80-годишен велешанец на моторцикл откако се судриле кај семафорите во Велес

Возач на автомобил нападнал старец кој управувал моторцикл, откако претходно направиле сообраќајна несреќа. Инцидентот се случил вчераутро околу 8:45 часот во во Велес, во близина на семафорите кај бензинската пумпа на Макпетрол. По сообраќајката, возачот излегол од автомобилот и тргнал да се пресметува со 80-годишен човек, па физички го нападнал. Велешката полиција го потврди инцидентот.

Zito akcija 640x289px

„На 29.08.2021 во Полициската станица Велес, Т.Ј.(80) од Велес пријавил дека околу 08.45 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Ѓ.Ч.(42)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23335/poskapuvaat-gorivata-od-nokeska-na-polnok/