Пристигнаа првите 149 авганистански граѓани, трудница итно однесена во болница

Со авион на компанијата „Камаир“ вчера околу 23.30 преку Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан. Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека преку Грузија, 149 граѓани од Авганистан се пристигнати преку Грузија.

Zito akcija 640x289px

„Првата жена што ја видовте како се симнува е бремена и таа веќе е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје. Се наоѓа во 39-тата недела од бременоста“, додаде Османи и потенцира дека се прават контроли и целокупна асистенција за овие граѓани да бидат преместени во своите привремени живеалишта.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според информациите на Владата, станува збор за 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Содржината продолжува под рекламата

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД. Трошоците за нивен престој ќе ги покријат САД и меѓународните организации.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: