Државниот завод за статистика ги одбра 166-те попишувачи, кои ќе бидат задолжени за спроведувањето на пописот во регионот во Велес. Освен имињата на попишувачите, на листата се и 16 резерви, кои ќе го пополнат местото на оние кои ќе бидат спречени да ја исполнат савојата обврска.
На списокот има жители од Велес, но и од околните општини Градско и Чашка. Пописот почнува на 5 септември, а се спроведува по 20 години од последната статистичка операција во земјава.
Содржината продолжува под рекламата
Државниот завод за статистика имаше проблем да ангажира доволен број попишувачи, па затоа огласите на кои се бараа овие луѓе неколку пати беа продолжувани. Надлежните најавија доколку има потреба, ќе се ангажираат и вработените во јавната администрација.
Содржината продолжува под рекламата
Можеби ќе ве интересира: