понеделник, 15 јули, 2024
Реклама

Македонската параглајдинг репрезентација преку донации бара пари за да учествува на Светско првенство

Македонија има со што да се пофали. Четворица параглајдеристи од Македонија се пласираа на Светско првенство во параглајдерство кое ќе се одржи во Аргентина. Меѓу нив се наоѓаат и велешаните Јован Северов, кој е прва резерва на екипата доколку некој откаже и Дарко Станковски, кој е трет на државното првенство на Македонија. Но, како и обично спортот не е секогаш поддржан од државата.

Zito akcija 640x289px

За да учествуваат потребни им се околу 10.000 евра за покривање на трошоците. Државата нема слух за овој спорт па тие решиле да ги соберат парите преку донации од граѓани

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Драги пријатели, Македонци !!! Нашата Македонија, можеби е мала земја но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во Параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои важат за едни од најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари и со тоа, Македонската репрезентација е поканета од Интернационалната асоцијација да учествува во полн 4-член состав на претстојното Светско првенство 2021, кое ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина..

Содржината продолжува под рекламата

За жал нашата земја во моментот не одвојува доволно средства за да се покријат трошоците за учество на Македонија на Светското првенство, а истовремено, нашите пилоти финансиски се целосно исцрпени од изминатите натпревари и не можат да ги покријат и овие трошоци, кои вкупно за целиот тим(патни трошоци, сместување и котизации) изнесуваат околу 10 000 евра.

Со цел да добиеме шанса да го претставиме спортскиот дух на Македонија, ги замолуваме сите кои имаат можност да помогнат преку донација.

Голема благодарност од МАКЕДОНСКИOT ПАРАГЛАЈДИНГ ТИМ.

Средствата можат да се донираат тука.

Светското првенство ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23409/veleshkite-uchilishta-gi-primija-ucheniczite-nazad-vo-klupite/