понеделник, 19 август, 2024
Реклама

БИРН: Македонците најмногу вакцинирани со кинески вакцини

vakcinacija

Околу 55 проценти од ковид-вакцините што досега се употребени во Македонија потекнуваат од Кина, од производителите „Синовак“ и „Синофарм“. Овој податок произлегува од податоците што БИРН ги доби од Министерството за здравство. Заклучно со 21 август годинава, искористени биле нешто повеќе од 382.000 дози од вакцината на „Синовак“ и речиси 300.000 од онаа на „Синофарм“.

Zito akcija 640x289px

По поединечен производител најмногу аплицирани дози има од вакцината на „Фајзер“, нешто преку 400.000. Во пунктовите за имунизација низ државата дадени се и речиси 108.000 дози „АстраЗенека“, а најмалку е користена руската „Спутник В“, употребени се само нешто повеќе од 45.000 вакцини.

Содржината продолжува под огласот

Agria

Процесот на имунизација се засили откако властите забранија влез на невакцинирани лица во кафулиња, ресторани, молови и на културни и спортски настани. Во двете недели откако се воведени рестрикциите, бројот на аплицирани вакцини порасна за 20 проценти, односно од 15 август до вчера дадени биле речиси 200.000 дози, и сега бројката на вкупно употребени вакцини е приближно 1.236.000.

Содржината продолжува под огласот

Заклучно со вчера, бројката на вакцинирани со две дози надминува 531.000 граѓани, меѓутоа во овој збир не влегуваат луѓето што се вакцинираа во соседните земји. Проценките што кружеа во јавноста се дека во Србија, каде што најмногу одеа нашите граѓани, се вакцинирале неколку десетици илјади македонски државјани.

Целото истражување на БИРН можете да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23413/makedonskata-paraglajding-reprezentaczija-preku-donaczii-bara-pari-za-da-uchestvuva-na-svetsko-prvenstvo/