И денес во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес е регистрирана двоцифрена бројка на заразени од ковид-19. 17 велешани се меѓу новозаразените од вкупно 760 во цела држава. Регистрирани се и 10 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Велес е 239.
Во последните 24 часа се направени 5.724 тестирањe, а регистрирани се 760 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 644 оздравени пациенти, пријавени се 23 починати лица: 9 починати лица од Скопје (82г,81г,79г,71г,70г,60г,59г, 58г и 48г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г) ,Гостивар (74г и 65г) ,Струмица (83г и 68г) ,Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г), и по едно починато лице од Тетово( 48г ) и Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.
Можеби ќе ве интересира: