Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ=7
Од утре, под влијание на влажен бран од југ уште од раните утрински часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи. Понестабилно со пообилен дожд (локално над 15 л/м2 за кратко време) и грмежи ќе биде во јужните делови од земјава, каде температурата значително ќе се намали.
Локален дожд, претежно на запад, ќе има и од понеделник.
Можеби ќе ве интересира: