Незадоволни лозари денеска излегоа на протест во Неготино. На протестот беше кажано дека револтот е поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии, кои со понудените цени ги демотивираат лозарите.
„Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени, се гледа крајот на лозарството во нашиот крај“ рекоа лозарите на протестот.
Содржината продолжива под рекламата
Протестот доаѓа откако винариите ги објавија откупните цени на грозјето за берба 2021. Според истакнатите цени, смедеревката ќе се откупува за 11 денари а вранецот за 13 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: