Трета недела по ред цените на нафтените деривати паѓаат.
Минатата недела се намалија за три до пет денари за литар.
Новата цени за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,50 денари за литар, или намалување на цената за 1 денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтини за 1,50 денари за литар и ќе се продава за 50,50 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 денари по литар, и изнесуваат 46 односно 35 денари.