Над 151 милион денари исплати агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозар. Станува збор за исплата на 2 денара за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка и кадарка.
„Сите кои правно-законски се стекнале со право на користење финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќаат во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколта, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите“, истакна Бачовски.
Директорот Бачовски, вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата, токму затоа средствата се исплаќаат во екот на бербата.
Можеби ќе ве интересира: