Петмина велешани казнети за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Zito akcija 640x289px

“На 06.09.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот (со ноќен радар) полициски службеници од СВР Велес на подрачјето на СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани 21 возачи, од кои пет во Велес, два во Кавадарци и 14 во Неготино. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови” соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: