Реклама

(ВИДЕО) Кренато македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел

zname NATO

Со церемонија на кревање на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, денеска и свечено се обележа официјалното членство на земјава во алијансата.

Zito akcija 640x289px

„Да и посакаме добредојде на Северна Македонија во семејството на НАТО. Ова е историски момент за неа. Придонесе кон добри соседски односи и подобра иднина за Северна Македонија. Сега ќе се вее како 30-то знаме“, рече во обраќањето генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Agria

„Исто така, да ја поздравам одлуката за Европската Унија за отпочнување на преговори. Во времиња како ова, пријателите и сојузниците се побитни како никогаш досега“, продолжи Столтенберг.

Свечената церемонија, преку видео врска во Скопје ја следеше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, кој имаше и свое обраќање.