Се утврдуваат причините за пожарот во ковид – болницата во Тетово, закажана итна седница на Влада

pozar modularna Tetovo
pozar modularna Tetovo

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид во модуларната ковид – болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Zito akcija 640x289px

Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство.

Agria

„Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.“, соопштија од Јавното обвинителство.

Според досегашните информации, во пожарот загинаа најмалку десет лица.

Владата изразува најдлабоко сочувтво до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

За денеска во 10:00 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: