Денеска е последен ден за поднесување кандидатури за локалните избори

DIK
DIK

Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени.

Zito akcija 640x289px

Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат кандидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или им даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.

Agria

Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.

Можеби ќе ве интересира:

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: