Едно лице на 73 годишна возраст од Велес и едно лице од село Долно Јаболчиште на 60 годишна возраст починаа денес во велешкиот ковид центар како последица од коронавирусот. Денеска се испишани двајца пациенти како оздравени, со еден негативен тест.
Во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 68 пациенти, од кои 41 добиваат кислородна поддршка. 49 од нив имаат позитивни ковид тестови, шест се се сомнителни на вирусот , додека 13 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 45 пациенти, на интерното одделение се сместени шест пациенти, додека во модуларната ковид болница, се хоспитализирани по 17 пациенти.
Инаку и денес во ковид статистиката има двоцифрен број на заразени во Велес 24, оздравени се осум пациенти. Бројот на активни случаи е 257.
Можеби ќе ве интересира: