Екипата на Борец му нанесе пораз на составот на Младост од Богданци во контролен натпревар со 24:26., иако на полувреме домаќините водеа со три голови предност 13:10.
Двете екипи кои се ривали во Првата ракометна лигата имаа интересна средба која ќе им послужи на тренерите да видат до каде се со формата пред почетокот на новата сезона.
Содржината продолжува под рекламата
Ова беше последна проверка пред почетокот на новата сезона. Првото коло во Првата лига се игра викендов на 18/19 септември, а велешани гостуваат во Гевгелија кај екипата на Партизан.
Можеби ќе ве интересира: