Денеска, на заеднички состанок со претставниците на раководството на федерацијата, Здружението на клубовите од Втората лига-мажи ги утврди натпреварувачките броеви за новата натпреварувачка сезона 2021/2022.
Екипата на Борец Баскет новата сезона во Втората кошаркарска лига ќе ја започне на домашен терен, а противник ќе биде екипата на Партизан Водно Санс од Скопје. Првото коло за сезоната 2021/2022 е предвидено за деветти октомври.
Содржината продолжува под рекламата
Лигата е составена од 12 екипи и ќе се игра двокружен систем со 22 кола. Најдобрите 8 ќе разигруваат во ПЛЕЈОФ за место во елитата.
Можеби ќе ве интересира: