Се зголемува бројот на пациенти во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница). Иако денес се испишани шест пациенти, бројот на хоспитализирани пациенти од вчера се зголеми за седум нови. Денес во велешкиот ковид центар се лекуваат 71 пациент.
Од нив 34 добиваат кислородна поддршка, 51 од нив имаат позитивни ковид тестови, четворица се сомнителни на вирусот , додека 16 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 39 пациенти, на интерното одделение се сместени осум пациенти, додека во модуларната ковид болница, се хоспитализирани 24 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: