Прегазен пешак во Велес, возачот го оставил и избегал

Policiska-lenta
Policiska-lenta

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена кога во неа удрил автомобил на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес. Според информациите, несреќата се случила вчера попладне, а автомобилот побегнал по настанот.

Zito akcija 640x289px

„На 23.09.2021 во 17,10 часот било пријавено дека во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Велес, по што го напуштило местото на настанот“ соопштија од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во несреќата А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: