Едно лице е починато и нови 21 случаи на ковид-19 во Велес

Veles od kaj mene JULI 2021
Veles od kaj mene JULI 2021

88 годишен пациент од Велес е нова жртва на коронавирусот. Во ковид статистиката на Министерството за здравство се регистрирани нови 336 позитивни случаи, од нив 21 се во Велес. Регистрирани се осум оздравени пациенти, со што бројот на активни случаи во градов се искачи на 324.

Zito akcija 640x289px

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 222 оздравени пациенти, Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: