Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.
До крајот на пописот остануваат уште три дена за пописните активности.
Содржината продолжува под рекламата
Пописот на населението, домаќинствата и становитево Македонија, официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември, додека пак во дијаспората непрекинато се одвива од 1 март преку електронска апликација за самопопишување. Со осложувањето на пописот за есенва поради тогашниот трет бран на коронацирусот, не беше прекинат пописот на македонски државјани кои живеат во странство подолго од една година.
Можеби ќе ве интересира: