Во пресрет на локалните избори кој ќе се одржат на 17 Октомври, кандидатот на СДСМ, Ненад Коциќ и официјално ја започна својата кампања.
Тој денеска заедно со носителот на листата Марјанчо Николов, и со дел од кандидатите за советници прошетаа низ велешката чаршија, каде разговараа со граѓаните за нивните проблеми.
„Уште еднаш излегуваме пред судот на граѓаните. Со чист образ, човечки и професионален капацитет, јас и мојот тим ќе понудиме визија и иднина, наместо ветер и магла. Граѓаните знаат да ја препознаат разликата помеѓу одговорно владеење и режимско дивеење. СДСМ ја има Најдобрата понуда на политичката сцена. Го има Најдоброто и за локалната самоуправа. Затоа, победува Најдоброто за сите нас заедно“, напиша кандидатот на СДСМ, Ненад Коциќ.
Инаку, против кандидати за градоначалник на Коциќ, се Марко Колев од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Златко Арсов од ЛЕВИЦА, и Семир Алимов од Бошњачки Демократски Сојуз.
Moжеби ќе ве интересира: