ИЗБОРИ 2021: Планско градење, економски развој и силна зелена агенда најави кандидатот на СДСМ Ненад Коциќ

Во Велес ќе се гради плански и одговорно преку хумана урбанизација, зелената агенда ќе биде приоритет, а градот ќе добие забрзан локален економски развој, бидејќи инвестициите од централната власт партнерски и стратешки ќе ги употребиме, за дополнително да го поттикнеме, рече кандидатот на за градоначалник на Велес од СДСМ, Ненад Коциќ, во своето обраќање на граѓаните на Велес, по повод стартот на изборната кампања.

Zito akcija 640x289px

Тој истакна дека програмата за следните четири години е заснована на пет столба, кои развивајќи ги, ќе бидат двигател на животот во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Преку проектот ‘Мој градоначалник’  ќе имам непосредна, редовна и двострана комуникација со граѓаните затоа што сметаме дека помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници и бариери. Ќе практикуваме хумана урбанизација, а ќе градиме плански, по закон, со заштита на јавниот интерес. Не дали се гради, туку како се гради. Интересите на поединци не смеат да се постават над интересита на граѓаните и тука нема отстапки. Зелена агенда ни е врвен приоритет. Чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реалните потреби на жителите во секоја современа општина. Локалниот економски развој ќе продолжи да биде двигател на развојот на државата. Инвестициите од централната власт партнерски и стратешки ќе ги употребиме за дополнително да го поттикнеме локалниот економски развој. Кај инфраструктурните инвестиции, уште поинтензивно ќе продолжиме да го реализираме започнатиот план за зајакнување на локалната инфраструктура“, рече Коциќ.

Содржината продолжува под рекламата

Тој ги потсети граѓаните на начинот на работа на сегашната опозиција. Според него, секоја дадена прилика на локално ниво тие ќе ја искористат да продолжат таму каде што застанале, на потполно истиот стар, непроменет и, како што го нарече, режимски начин.

„Ве повикуваме да направите споредба и разлика. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место. Излезете и гласајте за најдоброто за вашата општина. Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени. Заедно ставивме крај на режимот и тргнавме да ги консолидираме локалните самоуправи. Затоа, СДСМ и Коалицијата се најдобрата опција за Велес и затоа на 17 октомври ќе извојуваме голема сенародна победа и ќе продолжиме да го градиме европски Велес, како дом за сите негови граѓани“, рече Коциќ во своето видео обраќање до граѓаните на Велес.

Обраќањето на кандидатот Нeнад Коциќ можете да го погледнете тука

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23965/koczik-jas-i-mojot-tim-ke-ponudime-vizija-i-idnina-namesto-veter-i-magla/