Претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните краеви каде повремено ќе бидат поројни и каде локално ќе наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 14 до 20 степени. Ваквото време ќе се задржи до петок кога претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето.
Содржината продолжува под рекламата
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.
Mожеби ќе ве интересира: