Одбојкарите на Борец ги стартуваа подготовките за новата сезона, во која велешани имаат јасна цел пред себе, повторување на ланскиот резултат, односно влез во завршниот плеј оф. Од клубот се горди што во своите редови имаат седум младински репрезентативци на Македонија.
Клучните одбојкари од ланскиот состав остануваат дел од тимот, а ОК Борец дополнително се засили со младинскиот репрезентативец Тино Шулајковски и Стефан Трајковски, двајцата од Универзитет Тетово. Засилување има и во стручниот штаб. Дејан Стојанов ќе му помага на досегашниот тренер Петре Жабев.
Содржината продолжува под рекламата
Со клубот се разделија Филип Блажовски, кој замина во скопски Вардар и Матеј Митев, кој ја својата кариера ќе ја продолжи во Шпанија, во екипата на Гран Канарија.
Содржината продолжува под рекламата
Како дел од подготовките велешани ќе одиграат неколку подготвителни натпревари. За денес е предвиден тест натпревар со екипата на Пробиштип, а во сабота со екипата на Шкендија во Тетово. Новата сезона започнува идниот месец.
Можеби ќе ве интересира: