Министерство за здравство: 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Veles dozd
Veles dozd

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистиката за изминативе недели, 27 298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните не биле вакцинирани, наведува Министерството кое денеска објави анализа за речиси два месеца.

Zito akcija 640x289px

Ковид позитивни од тестирани во периодот од 6 август заклучно со 30 септември 2021 во државава се 35 531 граѓанин. Од нив, 23 отсто односно 8233 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство, напомнувајќи дека за вакцинирани се сметаат лицата со две дози и кои поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во период од 6.08 до 30.09.2021  на територија на државата починале 1162 лица со Ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина.

Содржината продолжува под рекламата

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: