Нема одмор за полицијата. И ноќеска бркаше непочитувачи на полицискиот час.

Policiski cas 31.30.2020

Полицијата уапси тројца велешани и петмина кавадарчани минатата ноќ. Тие не го почитувале полицискиот час и спротивно на владината одлука, се движеле без соодветни дозволи.

Zito akcija 640x289px

Најдисциплинирани минатата ноќ беа неготинчани. Во Неготино нема регистрирано ниту едно прекршување на полицискиот час.

Agria

Инаку, во овие три града, припадниците на полицијата од СВР Велес обезбедува 353 лица кои се во самоизолација.

Од нив, 122 се во Велес, 127 во Кавадарци и 104 во Неготино.

Досега во Велес се регистрирани шест заразени од коронавирус, а во Кавадарци двајца. Во Неготино сеуште нема регистрирани заболени од КОВИД-19.