Реклама

(ВИДЕО) Тежок пораз на фудбалерите на Борец во Тетово

Фудбалерите на Борец се поразени од актуелниот шампион на Македонија екипата на Шкендија со резултат 3:0. Мечoт беше решен уште во првиот дел кога тетовци поведоа со 3:0, со двата голови на Синдрит Гури, од кој едниот од пенал, инаку деби голови, и на Дориев.

Zito akcija 640x289px

Во вториот дел домаќините задоволни од високото водство рутинирано го одиграа вториот дел. Од друга страна тренерот на велешани проба да ја разигра својата екипа со неколку измени, но и тоа не даде резултат. Единствена шанса за гол кај велешани ја имаше Ѓорѓевиќ во 72 минута, кој од непосредна близина биеше непрецизно кон голот на Шкендија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ова трет последователен пораз за Борец со што е запален црвениот аларм. По деветтото коло се наоѓаат на 10 место со освоени седум бода. Следува репрезентативната пауза,а во следната рунда се соочува со уште едно гостување, овој пат кај Струга Трим Љум.

Можеби ќе ве интереира:

https://batali.net/24116/dvajcza-paczienti-se-ispishani-od-veleshkiot-kovid-czentar-38-imaat-potreba-od-kislorodna-poddrshka/